Справочник Пользователя для Zanussi ZGG62414XA

Скачать
Страница из 44
Содржина
Можноста за промени е задржана.
 Безбедносни информации
Пред монтажата и употребата на овој апарат, внимателно
прочитајте ги приложените упатства. Производителот не е
одговорен ако неправилната монтажа и употреба
предизвикаат повреди и оштетувања. Секогаш чувајте го
упатството со апаратот за идна употреба.
Безбедност на деца и ранливи лица
Овој апарат можат да го користат деца над 8 години и
лица со намалени физички, сетилни или ментални
способности или лица без искуство и знаење доколку тоа
го прават под надзор или им биле дадени упатства како
безбедно да го употребуваат апаратот и ги разбираат
опасностите поврзани со него.
Не дозволувајте им на децата да играат со апаратот.
Чувајте го пакувањето настрана од дофат на деца.
Држете ги децата и миленичињата подалеку од апаратот
кога тој работи или кога се лади. Деловите кои се
достапни се жешки.
Доколку апаратот има уред за безбедност на деца, ви
препорачуваме да го активирате.
Чистењето и одржувањето од страна на корисникот не
треба да го прават деца без надзор.
Апаратот не смее да биде во дофат на деца помали од 3
години освен ако не се под постојан надзор.
Општа безбедност
Апаратот и неговите достапни делови се вжештуваат за
време на употребата. Не допирајте ги грејните елементи.
www.zanussi.com
15